logo2
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Дрвото како подна облога се користи со векови. За тоa постојат повеќе причини, како на пример,  неговата топлина која позитивно влијае на стапалата,  со оглед на тоа дека површинската температура на дрвото е приближно еднаква на температурата на воздухот во просторијата во која престојуваме.

Покрај тоа, дрвото како подлога се одликува со природност и удобност.  Заштитата на  околината игра голема улога, зашто се работи за сировина која е обновлива. Векот на паркетот изнесува од 40 до 100 години, нешто што го прави незаменлив.

Постојат повеќе видови на поставување паркет, како што се на пример рибна коска или шаховско поле, со што се добива поголема разновидност.

Причина  за  неговата долговечност е можноста за реновирање. Даските се состојат од полно дрво со дебелина од 14 до 21 мм, кои во зависност од дебелината можат да се стругаат и до 10 пати. Поединечните видови дрво се разликуваат по структурата.

Дрвото е природен  материјал  и  затоа  бојата  и  структурата му се подложни на промени  и  се движат од рустикално, стандардно и екстра дрво. Долговечноста која ја има паркетот не се  нарушува  ако  има годови, но сепак дрвото без годови е поскапо.

Денес сѐ почесто сретнуваме најразлични видови паркети. Покрај класичните, постојат и повеќе видови егзотични и готови паркети.