logo2
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Двослоен паркет е најпогоден за поставување на под со подно греење. Двослојните паркети имаат горен слој од благородни дрвни видови на дрво: бука, канадски јавор, јатоба или маслина.



Овој паркет е направен од штици со помали димензии и од сите четири страни има перо или утор. Тој е составен од два слоја. Основата може да се направи од иверица, ХДФ плоча или слој од смрека, бреза, или топола. Горниот 3,5-6 мм и површинскиот слој од првокласно (благородно) дрво. Површината е веќе обработена стругана и 6-7 пати лакирана, или УВ уљена .

Двослојниот паркет се лепи по целата должина, затоа советуваме монтирањето да го изведат стручни лица,каде строго треба да се применуваат упатствата за монтажа кој го опфа’ќаат и процесот на греење пред и после завршената работа. Во изборот има различни видови на дрво. Паркетните даски можат да бидат без чворови и белина, до многу живописно шарено дрво во различни нијанси.

Класификација на паркетот: Селект, Натур или Рустик.

ПРЕЗЕМИ: Двослоен паркет каталог на производи (англиски јазик).

 

Галерија