logo2
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

„Трго Инженеринг Марин ДООЕЛ“ - Скопје е компанија која е присутна на македонскиот пазар за градежништво повеќе од 15 години. Формирана е на 26 јануари 1996 година и се занимава исклучиво со набавка и поставување на сите видови паркети. Компанијата располага со свој стручен тим на високо кфалификувани мајстори. 

Дрвото е природен материјал па затоа е потребно посебно да се третира и негува. Паркетот како производ од дрво, денес е составен дел од нашите животи. Вложувањето во паркетите е одно од најисплатливите вложувања кога се гради куќа или стан. Дрвото секогаш е најомилен детаљ. Една од причините е неговиот век на траење кој  изнесува од 40 до 100 години, со што го прави незаменлива суровина. Причина за неговата долговечност е можноста за реновирање. Даските варираат од 14 до 21 мм, а во зависност од дебелината можат да се стругаат и до 10 пати.  Можеме да заклучиме дека дрвото е топла, обновлива и убава суровина која како облога се одликува со врвен квалитет.

Во рамките на своето работење нашата компанија посветува посебно внимание на програмата за паркети - како класични така и егзотични, нивно поставување, стругање и лакирање. Во нашата понуда имаме класични (даб, бука, јасен) како и разновидни егзотични паркети.

Нашиот пристап кон работа со паркетите се темели на професионалноста и понудата на квалитетна услуга, притоа користејќи најквалитетни материјали, лепила и лакови од реномирани странски производители, како и најмодерни машини за брза и квалитена обработка на паркетот за негов совршен изглед.

Паркетот дава посебна топлина во вашиот дом, лесно се одржува, креира здрав амбиент, одлично се вклопува и едноставно, е најсовршено решение за секој дом.  Кај нас купувачот е секогаш на прво место, а наша цел е купувањето да го претвориме во сигурно и корисно искуство.

Посетете ги нашите изложбени салони и уверете се дека убавото и квалитетно не е секогаш недостижно!